Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југозападен ветер. По одделни котлини ќе има слаба магла, особено во утринските часови. Температурата ќе се движи од 7 до 15 степени.
Во Скопје променливо облечно време, со сончеви периоди и температура од 2 до 13 степени.
В понеделник ќе има локални врнежи од дожд, но со слаб интензитет. Нешто повеќе врнежи се очекуваат во среда, кога поради благо заладување, на планините, а и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Од среда се очекува да бидеме под северно воздушно струење, ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе се засилува, а со тоа ќе предизвика расејување на маглата.