Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе се сретне со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов во Софија на 4-ти февруари 2019 година.
„Тие ќе разговараат за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Премиерот Заев ќе ја предводи делегацијата во која ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.
Програмата започнува со заедничко положување на венец на пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147 годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми и министерот за култура на Република Бугарија, Боил Баново.
За време на посетата министрите за култура на двете земји, Боил Баново и Асаф Адеми ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Церемонија на потпишување на „Програмата за соработка во областа на културата“ меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе се одржи во прес салата на Министерскиот совет“, велт од Владата на Република Македонија.