На покана на менаџментот на компанијата за организирање на саемски манифестациии “Хелекспо“ во Солун вчера ги посети министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија птоф. д-р Зоран Шапуриќ. Тој имаше средба со директорот д-р Кирјакос Позрикидис и претседателот на бордот на оваа компанија Анастасиос Тзикас.
„На средбите со директорот Кирјакос и претседателот Тзикас, Шапуриќ разговараше за новите перспективите за унапредување на економската соработка помеѓу Македонија и Грција, со посебен акцент на можностите за одржување на заедничките саемски манифестации помеѓу “Скопскиот саем “ и “ Хелекспо“, како и за унапредување на соработка помеѓу компаниите кои организираат саемски манифестации во регионот. Во оваа насока беше договорено да се организира регионален форум во првата половина од оваа година. Менаџментот на Хелекспо го запозна Шапуриќ со структурата и организационото работење на оваа компанија.
За време на посетата Шапуриќ ја посети и саемската манифестација “ Зоотехниa’’ на која учествуваа 380 компании од 16 држави.
На средбите присуствуваше и извршната директорка на Скопски саем, Даниела Глигоровска.
Министерот Зоран Шапуриќ исто така, за време на престојот во Солун, даде кусо интервју за националната грчка агенција АМНА во кое, помеѓу другото нагласи дека Преспанската спогодба отвара нови перспективи за унапредување на економската и севкупната соработка помеѓу компаниите од Македонија и Грција“, се вели во соопштението.