Македонија

Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија на 9. седница на 4 февруари 2019 година, во 12:00 часот, во Сала на Уставна комисија, ќе одржи Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на Јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието на Република Македонија, министeрката за труд и социјална политика, координаторките за еднакви можности на Министерствата на Република Македонија, Комисијата за заштита од дискриминација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, градоначалниците, локалните комисии за еднакви можности, претставници на меѓународните организации, експерти, Институтот за родови студии, Un Women, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, како и претставник на Европската комисија.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток