Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес и утре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, САД.
„Министерот Димитров ќе оствари повеќе работни средби со претставници на американската администрација, Конгресот и тинк тенк заедницата.
На 5 февруари, МНР Димитров ќе се обрати на трибина посветена на иднината на Македонија и Југоисточна Европа, организирана од Атлансткиот совет на САД.
На 6 февруари, во Вашингтон, на покана на државнниот секретар на САД, делегација на Република Македонија ќе учествува на Министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС, на кој ќе се разговара за резултатите од повеќегодишните напори и соработката во рамките на Коалицијата за борбата против ИСИС во Ирак и Сирија, како и за идните чекори за стабилизација и одржување на мирот во регионите кои биле претходно зафатени од делувањето на ИСИС“, се вели во соопштението од Министрството за надворешни работи.