🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Ексфункционерот од ДУИ, Гури, наместо во ќелија - се шета по клиники: постојано е болен откако му одредија притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
guri-andov

Наместо во затворот во Шутка, ексфункционерот на ДУИ, Исмет Гури, притворот го издржува од клиника на клиника, дознава „Скопје1“. Секаде сместен со медицинска документација. Гледано во денови, тој подолго време е на лекување отколку што бил во притворското одделение на затворот. Директорот на казнено-поправната установа „Скопје“ во Шутка, Филип Андов, за „Скопје1“ посочува дека судот носи одлука како ќе биде третиран Гури. Тој е во ефективен притвор поради можноста да избега и да влијае на сведоци, а е осомничен за даночна измама.

— реклама —

„Скопје1“ дојде до точни податоци поврзани со лекувањето на Гури. Не се знае само, дали здравствените проблеми се нови или дијагнозите ги влече од минатото. Сепак, од 19 јули до сега има поминато 51 ден притвор во три скопски клиники. Според нашите информации, тој прво бил на Клиниката за пулмологија каде останал шест дена, по што е вратен во затворот во Шутка. Потоа, од притворското одделение го носат на Клиниката за ендрокринологија каде хоспитализацијата му трае 24 дена. Од таму, тој не се враќа во ќелија, туку судот одобрува лекување на Клиниката за неврологија.

Последните информации со кои располага „Скопје1“, тој и натаму се лекува на Неврологија. На оваа Клиника поминува и најдог период од 27 дена. За неговата здравствена состојба не се открива, а престојот му се продолжува од судот по дадените мислења од докторите.

— реклама —

Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, за „Скопје1“ вели дека тие постапуваат по напатствија од судот. Прашан дали има услови за Гури да издржува притвор во затворот, тој одговори потврдно.

„За конкретното лице за кое прашувате, можам само да кажам дека станува збор за притвореник на кого му е изречена мерка на претпазливост. Судот одлучува дали тој има потреба од лекување и каде ќе се лекува. Ние како казнено-поправна установа сме должни да постапиме по напатствијата. Како и за останатите притвореници, така и за ова, во притворското одделение се обезбедени сите услови за издржување на мерката“, вели Филип Андов, директор на КПУ „Скопје“.

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е вплетен во организирана шема за правење даночна измама, објави Обвинителството. Тој е третоосомничен за сторено злосторничко здружување, перење пари, даночна измама, од вкупно 15 лица, кои биле под истрага. Ќе одговараат за злосторничко здружување, како и перење пари. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури и другите обвинети, меѓу кои е неговиот син, парите ги добивале преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што бил вработен функционерот на ДУИ. Во тоа време Гури е раководно лице во УЈП. Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-01-06-at-10.41.37

Гури од ДУИ побрз со бегството од судот со одлуката – полицијата тргнала да го врати зад решетки

Македонија | пред 1 година

ismet-guri

Гури од ДУИ со телефон во болничка соба, наместо во притвор во ќелија поради опасност од влијание врз сведоци

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-05-at-22.48.32

Распишана потерница по Исмет Гури од ДУИ, кој избега од домашен притвор

Македонија | пред 1 година

DSC_5952

Исмет Гури од ДУИ e во бегство, полицијата не го нашла на адресата каде издржува домашен притвор

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања