Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Гури од ДУИ со телефон во болничка соба, наместо во притвор во ќелија поради опасност од влијание врз сведоци

објавено пред 2 години -

Македонија
ismet-guri

Ексфункционерот на ДУИ, Исмет Гури, со телефон ги поминувал притворските денови, кои наместо во ќелија во затворот „Скопје“ во Шутка, ги издржува на Клиниката за неврологија, дознава „Скопје1“. Во болничката соба бил направен претрес, поради сомневања дека поседувал недозволени предмети. Бил пронајден телефонот, а се проверува и кој му го донел, но и како затворската полиција која го обезбедува - тоа не го забележала.

— реклама —

Гури остварувал контакти со луѓе од надворешноста, додека предметот во кој тој е обвинет е во најсензитивна фаза на истрага. Токму можноста за влијание врз сведоци, но и опасноста за бегство се причините поради што Кривичниот суд му одреди притвор. Гури успеа речиси сите притворски денови да ги помине надвор од ќелија, лекувајќи се од клиника на клиника.

— реклама —

„Скопје1“ дојде до точни податоци. Тие покажуваат дека скоро два месеци е хоспитализиран на Клиниката за неврологија. Тој помина 79 дена од притворот, одејќи од клиника на клиника. Според нашите информации, тој прво бил на Клиниката за пулмологија каде останал шест дена, по што е вратен во затворот во Шутка. Потоа, од притворското одделение го носат на Клиниката за ендрокринологија каде хоспитализацијата му трае 24 дена. Од таму, тој не се враќа во ќелија, туку судот одобрува лекување на Клиниката за неврологија.

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е вплетен во организирана шема за правење даночна измама, објави Обвинителството. Тој е третоосомничен за сторено злосторничко здружување, перење пари, даночна измама, од вкупно 15 лица, кои биле под истрага. Ќе одговараат за злосторничко здружување, како и перење пари. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури и другите обвинети, меѓу кои е неговиот син, парите ги добивале преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што бил вработен функционерот на ДУИ. Во тоа време Гури е раководно лице во УЈП. Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ.

— реклама —

— реклама —
guri-andov

Ексфункционерот од ДУИ, Гури, наместо во ќелија - се шета по клиники: постојано е болен откако му одредија притвор

Наместо во затворот во Шутка, ексфункционерот на ДУИ, Исмет Гури, притворот го издржува од клиника на клиника, дознава „Скопје1“. Секаде сместен со медицинска документација. Гледано во денови, тој подолго време е на лекување отколку што бил во притворското одделение на затворот. Директорот на казнено-поправната установа „Скопје“ во Шутка, Филип Андов, за „Скопје1“ посочува дека судот носи одлука како ќе биде третиран Гури. Тој е во ефективен притвор поради можноста да избега и да влијае на сведо

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-01-06-at-10.41.37

Гури од ДУИ побрз со бегството од судот со одлуката – полицијата тргнала да го врати зад решетки

Македонија | пред 2 години

— реклама —
guri-andov

Ексфункционерот од ДУИ, Гури, наместо во ќелија - се шета по клиники: постојано е болен откако му одредија притвор

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-05-at-22.48.32

Распишана потерница по Исмет Гури од ДУИ, кој избега од домашен притвор

Македонија | пред 2 години

DSC_5952

Исмет Гури од ДУИ e во бегство, полицијата не го нашла на адресата каде издржува домашен притвор

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања