Скопје

При претрес во домот на скопјанец пронајдена марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје против лицето  Д.П.(30), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.

На 4ти овој месец врз основа на судска наредба извршен е претрес на домот кај пријавениот во Скопје при што пронајдена и одземена марихуана.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток