Македонија

Нино Васев: Тој што напиша дека се давала физиолошка терапија наместо лек треба да понесе одговорност, ако не се докаже

Ексдиректорот на Клиниката за онкологија, Нино Васев, побара одговорност од новинарката која напишала дека пациенти наместо лек, добивале само физиолошка терапија. Тој кажа дека доколку тоа не се докаже, ќе треба да се понесе одговорност. Одговараше околу еден час на прашања од пратениците дел од Анкетната комисија.

„За да се даде физиолошка терапија наместо лек, тој што тоа го напиша треба да го докаже и да понесе одговорност ако не е така“

Тој пријавил две кражби извршени од медицинска сестра, која самиот тој по првата ја вратил на работа. Кажува дека било наложено, а случаите немале судска разрешница.

„Пријавив два случаи, едниот јас, другиот со економскиот директор. Првиот беше кражба во дневната болница, ја пријавија три сестри со главната сестра. Викнавме служби, беше фатена со три кеси лекови по завршеток на смена. Случајот по шест месеци, кој не влезе во процедура, со адвокат таа (сестрата) беше вратена на работа, но не е ставена во дневна болница, туку на одделение да работи без можност да дојде во контакт со лекови. Истата особа, оваа година, го повтори делото со новото раководство и е отстранета од работа“, кажа Васев.

Тој кажа дека ги почитувал сите министри кои раководеле со здравството.

На почеток