Македонија

Беса Адеми доби охрабрување да отиде до Судски совет за политичките влијанија: Бевме спремни за разговор

Сашко Георгиев, претседателот на Судскиот совет не го смета за правилен чекорот на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, која не дојде на работниот состанок. Смета дека членовите ќе ја заштителе. Нагласи дека биле подготвени за разговор. Проблемот ќе се решавал со дискусии и прашања.

„Согласно надлежностите, утврдено е дека Советот ја гарантира независноста на судската власт. По повод изјавите на претседателката на Врховниот суд, сметавме дека нужно треба да ја поканиме на работен состанок, за да изнесе конкретни работи во однос на нејзино видивање за политичко влијание. Бевме спремни за разговор, но колешката Беса Адеми не се појави, а ни испрати писмо во кое најави дека нема да дојде“, рече Георгиев.

Тој смета дека потребно е во случајов Адеми да дојде во Судскиот совет.

„Во ваква состојба, Советот беше спремен и е спремен за отворени дискусии и прашања. Ја охрабрувам. Праќам порака за судството и судиите, како за Врховен така и за другите, доколку почуствуваат притисоци, Судскиот совет е на располагање за законски да оствари гаранција и заштита“, додаде тој.

Додаде дека притисок врз судии е кривично дело.

На почеток