🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Убиениот татко алармирал дека може да биде убиен, синот бил пуштен од психијатрија во Бардовци непосредно пред грозоморниот чин

објавено пред 2 години -

Скопје
naslovna-ubistvo

Скопјанецот А.П. кој го уби татко му, бил со нарушено психичко здравје и лекуван во психијатриската болница „Скопје“ лоцирана во Бардовци. „Скопје1“ дознава дека убиството го извршил по шест дена откако бил пуштен дома. Таткото, стравувал дека може да биде убиен, а се жалел и на пријатели. „Скопје1“ стапи во контакт со сведок, запознаен со случајот, кој имал комуникација со сега убиениот. Според него, таткото прво одбивал да го земе син му зошто бил сигурен дека не бил во добра психичка состојба. Додава дека откако секој ден добивал повици, се предомислил. Според информации на „Скопје1“ , таткото бил убиен со убодни рани и во главата. „Скопје1“ поседува и листа од повици, за кои сведокот тврди дека се разговорите кога сега убиенот побарал помош.

— реклама —

[caption id="attachment_259123" align="alignnone" width="1000"] Листинг од телефонските разговори со убиениот, пред убиството[/caption]

„Синот се лекуваше на Психијатрија и минатата година. Неколку месеци беше добар, а во октомври, пак го сместија. Меѓутоа, во меѓувреме му се јавуваа на таткото, му кажуваа дека е добар и да дојде да го земе. Тој се сомневаше во тоа и бараше повеќе информации. Кажуваше на пријатели дека на персоналот му објаснувал дека син му не е излечен, дека треба подолг третман – но тие упорно му ѕвонеа за да го земе. Неколку дена не им креваше телефон, а на крај рече: ‘син ми е, ќе одам да го земам, па што сака нека биде, иако знам дека може да ме утепа’. Кажа дека тоа им го посочил и на докторите. Меѓутоа, од неговото кажување, некоја докторка (името е познато на редакцијата), настојувала да го земе под изговор дека е добар“, вели лицето кое имало контакт со покојниот, чиј идентитет е познат на нашата редакција.

— реклама —

Потврда на информациите побаравме и од надлежните институции – МВР и Обвинителството. Оттаму нема одговор за лекувањето на убиецот во болницата во Бардовци. Засега, не се знае дали на одговорност ќе бидат повикани и докторите кои биле задолжени за здравствена грижа на убиецот.

Сепак, „Скопје1“ од извори во психијатриската болница дознава дека убиецот бил хоспитализиран во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци од 16 октомври. Неофицијално, на 2 ноември бил пуштен дома. На 8 ноември – го извршува грозоморното убиство.

Поради страв дека може да го повтори делото, но и можно бегство, скопјанецот А.П. кој има 28 години, заврши во притвор. Од Обвинителството соопштија дека предметот е во фаза на истрага, како и дека се вршат форензички испитувања и анализа на доказите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања