Македонија

Европскиот суд пресече: Јанакиески незаконски бил држен во притвор

Европскиот суд за човекови права утврдил дека на ексминистерот за транспорт, Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор, дознава „Скопје1“.

„Судот смета дека постои повреда на правото на слбоода на Миле Јанакиески (член 5.3 од ЕКСП) поради непостоење на доволни причини за негово лишување од слобода“, стои во пресудата на ЕСЧП.

Јанакиески речиси пет години беше во домашен, па ефективен притвор кој го издржуваше во затворот „Скопје“ во Шутка. Сега, Европскиот суд носи заклучок дека има повреда на два членови кои се однесуваат на човековите права.

Европскиот суд, според извори на „Скопје1“, прифатил и дека Јанакиески претрпел штета поради незаконските притвори.

Детали за пресудата ќе соопштат адвокатите на Јанакиески во текот на денот.

Ексминистерот беше во притвор поради тоа што обвинителите бараа, а судовите одобруваа тој да издржува мерки на претпазливост. Притворите му беа одредувани поради можност за бегство, влијание на истрагата. Јанакиески поднесуваше низа жалби во кои укажуваше на овие околности, а кои му беа одбивани.

На почеток