Македонија

Притворската мерка не е неопходна во моментов, вели Обвинителството за ослободениот поврзан со „Шиша бар“

Јавен обвинител предложил лицето кое се поврзува со убистрвото во „Шиша бар“, да излезе на слобода. Оттаму за „Скопје1“ посочуваат дека притворот не бил неопходен.

„Лицето за кое покажувате интерес е осомничено за дејствија на помагање при сторување на кривичното дело. Со оглед на тоа што во моментов притворската мерка не е неопходна за обезбедување на неговото присуство, јавниот обвинител согласно своите законски надлежности предложи таа да биде заменета со мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.

„Скопје1“ претхдоно објави детали за ослободениот.

Пуштен на слобода осомничен за убиствата во чаршискиот „Шиша бар“

На почеток