Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат, а со слаб интензитет на планинските премини Стража и Буково. Во Крушево врнежите се од дожд и снег.
ГП Виадукт трејд ДООЕЛ-Гостивар известува дека градежни активности ќе се изведуваат на обиколница , односно на делот од Хиподром до Стенковец во времетраење од денес понеделник 11.02.2019 до 13.02.2019 (среда).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони