Македонија

Односите Македонија-Бугарија се поради Западот, ги подбуцнува народите едни со други, искритикува Лавров

Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, со критики за западот, но и до новинарите. Кажа дека е разочаран оти новинарите го прашувале „кога ќе ја запрете војната“, бидејќи според него тоа не е војна и воедно укажа „новинарот треба да продре во информацијата“. За западните делегации посочи дека намерно организирале вечера пред тој да стигне во Македонија. Укажа дека Балканот има проблеми поради однесувањето на Западот. Беше прашан за мислење околу македонско-бугарските односи.

„Не сум стручњак за односите Македонија-Бугарија. Но знам едно, македонските граѓани имаат целосно право да делуваат рамноправно во сите активности на заедничкиот континент. Ако даваме генерална оценка, не само за односите Македонија-Бугарија, туку и другите балкански проблеми, коренот на проблемот лежи во однесувањето на Западот“, кажа Лавров.

За Македонија, кажа дека со години имала понижувачко име, а знае и како ја добила придавката „северна“.

„Со години бевте нарекувани ПЈРМ и ова беше понижувачко име. А знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Знаеме што е вистината – немате територијална претензија кон Грција или други држави. Јас се сеќавам дека претседателот на македонското Собрание правеше фотографии со албанско знаме во седиштето на Парламентот. Јас оправдувам етничките групи на Балканот да живеат мирно едни со други. Западот ги подбуцнува народите едни со други“, рече Лавров.

Укажа дека се чувствува пријатно кога во прашање е македонскиот народ.

„Имаме пријателски чувства кон македонскиот народ. Овде сум два дена, го гледам вашиот народ по улиците, во хотелот. Можам да ја почувствувам нивната топлина, но и нашата кон вас“, додаде Лавров.

На почеток