Македонија

(Видео) Лавров му кажа на Западот сѐ што не можеше во минатите две години

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на прес-конференцијата во Скопје каде беа новинари од десетици редакции, меѓу кои голем број од светски медиуми, се чини дека го кажа сето она што немал прилика претходно, а да биде слушнат од цел свет. Главен фокус беа прашањата за Украина, но и Израел. Беше јасен дека Русија нема да претрпи штета на терен.

„Украина не сакаше да го потпише мировниот договор, бидејќи во Буча немаше руски масакр. Русија два дена беше повлечена од Буча, кога луѓето беа убиени“, кажа Лавров.

Па потсети дека немало такви осуди за во Газа, кога илјадници луѓе биле убиени.

„Не можеме да го прифатиме начинот на кој Израел се бори со терористите. Ние побаравме хуманитарен прекин на огнот, но тоа не го воспоставивме бидејќи САД се спротивстави на тоа“, кажа Лавров.

Тој смета дека Украина го гази сопствениот Устав.

„Има националистички и фашистички изјави од Украина, но и од дел од Западот“, посочи Лавров.

Според него, Украина се обидела да уништи сѐ што е руско, иако според Уставот мора да го почитуваат малцинството. Лавров обвини дека во Украина се убивале и руски верски лица.

„Ако Украина е поразена, тоа е пораз за целиот западен свет смета самиот Запад“, коментираше Лавров па кажа дека за помирување треба двајца: „Луѓето од другата страна сакаат да играат танго сами, а за танго се потребни двајца“.

Во текот на пресот, имаше низа критики за новинарите. Ги нарекуваше неуки, ги прашуваше каде учеле новинарство, ги караше додека беше во живо низ цел свет.

Целата прес-конференција:

На почеток