Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 кој доби прекин на казна поради влошена здравствена состојба и натаму е хоспитализиран во болница. Началникот на Универзитетската клиника св. Наум Охридски, специјалистот, д-р. Стојанчо Јованов за „Скопје1“ посочува дека пациентот е поставен на медицински протокол поради како што рече: „постоење на езофагит со перзистирање на варикозитетните вени на хранопроводникот, покрај гастратичната промена на остатокот од цел желудник“.
Според спец. д-р Јованов, Боки 13 е во специфична состојба која бара строга и сериозна понатамошна нега и третман, особено поради околноста дека кај него по операцијата со која му беше отстранет 90% од желудникот, е настанат траен инвалидитет. Прашан кога ќе биде пуштен од болница, докторот Јованов за „Скопје1“ вели: „се надевам во наредните денови“. Тој додава дека поради сериозноста и карактерот на болеста, и порано истакнувале барања за прекин на казната, за истиот да биде пуштен на домашно лекување.
„Знаете, лесно е кога некој вон медицинската струка, дава паушални и неосновани коментари за состојбата на пациентот, но многу е тешко и ризично при настанување на нова компликација да се интервенира и да се спаси животот на пациентот. Тој, по ниеден основ не можеше да биде испишан од кај нас и да биде вратен во затвор, бидејќи постои реалната опасност од настанување на смртоносни последици, доколку дојде до нови компликации. Пациентот, доживотно ќе биде со овој здравствен проблем и инвалидитет, единствено важно е состојбата да се држи под контрола и да не се влошува“, додава спец. д-р Јованов за „Скопје1“.
Боки 13, минатата недела доби прекин на казна од Кривичниот суд. Причината е лошата здравствена состојба во која се наоѓа, за која Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе клиники, но и повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми. И адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Боки 13, за „Скопје1“ посочи дека иако одлуката е задоцнета, таа е праведна.
Родителите на Боки 13 уште пред девет месеци алармираа дека во затворот „Идризово“ не може да се санира состојбата на нивниот син, чие здравје е нарушено. Тој во неколку наврати беше шетан релација болница-затвор. Докторите го отпуштаа во добра општа состојба, а затворската полиција го враќаше во болничка количка.
Дека услови за лекување нема во затворот, потврдуваа и повеќе екипи од Брза помош, кои беа повикувани во затворот, кога состојбата на осуденикот се влошуваше. За тоа, во јавност беа објавени десетина потврди потпишани од доктори во Брза помош.
Пред осум месеци, му беше отстранет и скоро целиот желудник. Хирургот од болницата „Св. Наум Охридски“, Стојанче Јованов, јавно алармираше дека била извршена комплицирана и ризична операција, која беше и животозагрожувачка.
Во „Идризово“, беше вратен во затвореното одделение на затворот, во ќелија за која Народниот правобранител констатираше дека не ги задоволува ниту минималните услови за издржување затворска казна. Особена забелешка имаше за условите за одржување на хигиена, несоодветна за неговата здравствена состојба.
Боки 13 поднесе и куп кривични пријави против политичари, бизнисмени, обвинители. Тие требаше да ги процесира Обвинителството, а нивната судбина е непозната за јавноста. Осудениот, од затвор но и од болница ја критикуваше власта, упатуваше писма до Амбасадите во Македонија, за како што тврдеше, криминалите за кои има докази.
Ексклузивно: Боки 13 на слобода, доби прекин на казната
Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, дознава „Скопје1“. Причината е лошата здравствена состојба во која се наоѓа, за која Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе клиники, но и повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми. Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот. „Скопје1“ побара потврда и од адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Боки 13. Тој посочува дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако е задоцнета, таа е праведна.„По однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, посочува Туфегџиќ за „Скопје1“.[caption id="attachment_263838" align="alignnone" width="1000"] Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, вели Туфегџиќ за „Скопје1“[/caption]Родителите на Боки 13 уште пред девет месеци алармираа дека во затворот „Идризово“ не може да се санира состојбата на нивниот син, чие здравје е нарушено. Тој во неколку наврати беше шетан релација болница-затвор. Докторите го отпуштаа во добра општа состојба, а затворската полиција го враќаше во болничка количка.Дека услови за лекување нема во затворот, потврдуваа и повеќе екипи од Брза помош, кои беа повикувани во затворот, кога состојбата на осуденикот се влошуваше. За тоа, во јавност беа објавени десетина потврди потпишани од доктори во Брза помош.[caption id="attachment_263837" align="alignnone" width="1000"] Лекарските извештаи од Брза помош[/caption]Пред осум месеци, му беше отстранет и скоро целиот желудник. Хирургот од болницата „Св. Наум Охридски“, Стојанче Јованов, јавно алармираше дека била извршена комплицирана и ризична операција, која беше и животозагрожувачка.Во „Идризово“, беше вратен во затвореното одделение на затворот, во ќелија за која Народниот правобранител констатираше дека не ги задоволува ниту минималните услови за издржување затворска казна. Особена забелешка имаше за условите за одржување на хигиена, несоодветна за неговата здравствена состојба.Боки 13 поднесе и куп кривични пријави против политичари, бизнисмени, обвинители. Тие требаше да ги процесира Обвинителството, а нивната судбина е непозната за јавноста. Осудениот, од затвор но и од болница ја критикуваше власта, упатуваше писма до Амбасадите во Македонија, за како што тврдеше, криминалите за кои има докази.
Македонија | пред 2 години