Македонија

Палчо го извршил убистото на Вања, по три дена избегал од Македонија, посочува Спасовски

Љупчо Палески-Палчо е главен организатор на двете киднапирања, а според првичните информации на МВР бил и убиецот на Вања Ѓорчевска. Ова го посочи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој избеганиот го квалификуваше како монструм. Според него, Палчо заминал од Македонија во Белград, па Бугарија и понатаму се утврдуваат сите аспекти. Од државата излегол на 30 ноември. Вања била грабната од влезот на зградата. Во двата различни случаи, имало по еден сведок на убиствата.

„Главниот организатор и извршител кој со пиштол на 27.11 според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите кои можат да дојде полицијата, ја напуштил држвата. Му го следиме трагот“ рече Спасовски.

Во двата случаи извршителот е Палчо, објасни Спасовски, кој за ова лице рече „тој е главен организатор“.

Главниот скоспки обвинител, Гаврил Бубевски, посочи дека по отворање на истрагата по Пачло ќе има меѓународна потерница.

„Во овој момент сме на линија без никакви задршки, сторителите на овој чин бидат изведени и казнети за тоа што го направија“, посочи Бубевски.

Според него, двајца од осомничените сведочеле дека информациите за движење на девојчето ги дознале од Палчо, кој ги имал од таткото.

Против Палчо имало неколку прекршочни постапки.

На почеток