Македонија

Сите три лица кои се во притвор, го признале нивното ангажирање за убиствата на Вања и Панче

Трите лица Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, го признале целиот ангажман за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски посочи дека се гонат за три дела – меѓу кои убиство. Тие при признавањето, го кажале тајмингот кога била убиена Вања, а кога Панче.

„Сторителите се исти и за првото и за второто кривично дело. Тие се казнуваат според најтешката кривично-правна квалификација со најстрога казна“, додаде Бубевски.

Според првичните информации, тие во исказите кажале дека ја убиле Вања бидејќи работата излегла од контрола.

„Тоа е нивната верзија“, додаде Бубевски.

Одземени се биолошки траги, кои се испитуваат. Откако резултатите ќе бидат готови, ќе има истрага и повеќе детали.

„По ова ќе биде побарана најтешна можна мерка“, додаде Бубевски.

На почеток