„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Реконструкција на убиството на Вања: Што се случуваше осум дена за време на потрагата

објавено пред 2 години -

Македонија
Untitled-1

Дебар Маало – Мирковци (Скопска Црна Гора) – Бразда – непознат правец. Вака од прилика изгледа траекторијата на движење на убиецот на Вања и неговите помошници. Сѐ започнува во строгиот центар на Скопје. Зградата се наоѓа близу булеварот „Илинденска“, а околу неа има десетина локали. Станува збор за место кое е раздвижено во секој дел од денот. Близу зградата има и градски надзорни камери – минимум три, од кои едната е насочена токму кон улицата каде бил паркиран автомобилот. До местото каде е однесена, потребно е околу 40 минути.

— реклама —

„Скопје1“ направи реконструкција, користејќи ги деталите дадени од надлежните органи, но и изјавите на мајката Зорица Ѓорчевска за медиумите.

Утро (понеделник 27 ноември), 7:20 минути

— реклама —

Вања излегува од дома. Вообичаено ја придружува нејзината сестра, но не и денеска. Овојпат е сама, бидејќи сестра ѝ губела час, па останала дома. Излегла од домот и се упатила кон излезот на зградата. Таму ја чекале две лица, додека на улицата бил паркиран украдениот „цитроен“. Тие претходната вечер ги дознале деталите дека Вања ќе излезе сама од дома и испланирале како да го направат грабнувањето.

Двете лица ја грабнуваат, врзуваат и ставаат во вреќа за спиење. Ја изнесуваат од зградата и ставаат во автомобилот марка „цитроен“. Во непосредна близина има и автомобил „рено“, кој постојано ги следи во текот на целата траекторија на движење. Тргаат двете возила во исто време.

Утро (понеделник 27 ноември), 7:40 минути

Мајката Зорица Ѓорчева добива известување од класниот раководител дека Вања не се наоѓа на класен час. Пробува да ја добие на телефонот – но тој е исклучен. Последниот сигнал од нејзиниот телефон зрачи во близина на „Силбо“, односно „Броз кафе“. По ова, се губи секаква трага.

Утро (понеделник 27 ноември), околу 8:35 минути 

Бидејќи не може да стапи со неа во контакт, а Вања не е во училиштето – Зорица пријавува дека нејзината ќерка е исчезната. Во тој момент нема информации дека е грабната, ниту се сомнева во тоа.

Полицијата ја добива информацијата и почнува да постапува. Се алармираат полициските службеници кои вршат контроли, а започнуваат и распити. Мајката контактира со две-три другарки на Вања, кои не се слушнале, ниту знаат каде е девојчето.

Во исто време, Вања е веќе во автомобилот „цитроен“ кој се упатил кон скопско Мирковци. Точната локација во селото, не е позната.

Утро (понеделник 27 ноември), околу 10:00 минути

Вања е во гепекот од „цитроенот“, кој претходно бил украден од убиениот Панче Жежовски од Велес. Се претпоставува дека е жива, но врзана и затворена во вреќата.

Според пресметките на „Гугл мапс“, постојат две траектории по кои би можело да се движи возилото. И низ двете, треба по околу 30 до 40 минути за да се пристигне од зградата каде е грабната до Мирковци каде е однесена. Едната траекторија е преку Качанички пат, додека другата преку Бутел и Радишани.

[caption id="attachment_265609" align="alignnone" width="1682"] Трасите од Дебар маало до Мирковци[/caption]

Пред „цитроенот“ постојано возело возилото марка „рено“. Во едно од нив бил и првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо – кој е осомничен дека пукал во Вања.

Апроксимативно (од прилика) во Мирковци би требало да пристигнат околу 8 часот и 20 минути. Не се знае што се случувало во периодот од пристигнувањето до 10 часот.

Според сведоштвата, Палчо пукал во Вања во 10 часот, а едно лице чувало стража. На овој чекор, според МВР и Обвинителството, лицата се одлучиле откако, како што кажаа: „работите излегле од контрола“.

Се копа дупка, а телото се фрла во неа. Потоа, се закопува.

Во недефинирано време, осомничените купуваат бензин, кој им треба за да го запалат возилото „цитроен“ со цел да ги уништат доказите.

Утро (понеделник 27 ноември), околу 11:00 минути

И Александар, татко на убиената Вања, се одлучува да ја пријави ќерката за исчезната. МВР ја добива пријавата, без никакви детали или сомневања од страна на таткото. Тој нема својство на осомничено лице, соработува со полицијата.

Постојано е достапен за инспекторите, одговара на повиците, се пријавува во станица. Но во ниту еден момент не укажува дека зад грабнувањето има план.

Попладне (понеделник 27 ноември), 12:08 минути

Ова е времето кога на социјалните мрежи се објавува апелот за помош од мајката Зорица. Таа посочува дека на Вања ѝ се губи секаков траг, објавува и две фотографии од девојчето. Во објавата посочува како е облечена, како изгледа, од каде тргнала и каде требало да стигне.

Најпрво, Зорица остава нејзин телефонски број. Подоцна, поради големиот број на шпекулации го брише и повикува доколку некој има информации да ја контактира полицијата.

Потрагата трае во текот на целиот ден, полицијата се екипира и пребарува

Од Вања ниту трага ниту глас. Ниту една информација во тие моменти не е корисна. Граѓаните се мобилизираат. Иницијативи за независно пребарување низ Скопје, фотографии осамнуваат на бандери низ цел град. Вања во овие моменти е веќе убиена, според тврдењата на осомничените лица.

[caption id="attachment_265610" align="alignnone" width="1630"] Апелите за помош (фото КОД)[/caption]

Вечер, (понеделник 27 ноември), околу 20:00 часот 

Редакцијата на „Скопје1“ контактира со мајката Зорица, која нема никакви нови информации за нејзината ќерка по која интензивно се трага. Прашана дали таа или таткото имаат нарушени односи со некого – негира.

На прашање дали меѓу таткото и нејзе има нарушени односи, Зорица посочува: „Разведени сме, но немаме нарушени односи. Еве, секој ден е тука, има клуч од станот. Двајцата сме ориентирани на децата, немаме никакви нарушени односи. Тука е, еве го, со мене е“.

Потрагата трае и наредните пет дена, различни информации во јавност

„Земена со бело возило“, „Однесена во Косово“, „Дојдете земете ја од џамија“. Ова се само дел од дезинформациите кои кружеа на социјалните мрежи и ја вознемируваа јавноста. Се ширеа различни тврдења, а ниту едно од не беше поткрепено ниту со материјални, ниту со вербални докази.

Нема фотографија

Наводен оџа од Косово лажеше дека Вања е најдена и ширеше морбидни коментари - МВР и меѓународната полиција му ја бараат локацијата!

Профил на „Фејсбук“ кој се претставува во име на „Џамија во Подујево“, а со фотографија од имамот Арбер Бериша, предизвика паника со коментари под објавата за исчезнатата Вања Ѓорчевска, објавени на профилот од нејзината мајка. Вчера во попладневните часови, од овој профил беа објавени коментари со содржина: „Јавете се“, „Девојката е кај нас“, за денеска да објави нови погрдни и морбидни коментари со пцовки. „Скопје1“ го извести МВР, кое пак, преку меѓународна соработка работи на лоцирање на сопственикот на профилот, со цел, санкционирање.[caption id="attachment_264501" align="alignnone" width="1586"] Дел од морбидните коментари објавени кај мајката (цензурирани поради паниката која ја предизвикуваат во јавноста)[/caption]„Ве известуваме дека Секторот за компјутерски криминал во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка веќе постапува по истото и за истото веќе се поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР за „Скопје1“.Во текот на вчерашниот ден, редакцијата на „Скопје1“ се обиде да стапи во контакт со сопственикот на профилот, кој одговара и на пораки – но не на сите. Речиси постојано е вклучен на интернет. Кога побаравме било каква потврда дека профилот не е лажен, но и потврда за информацијата дека Вања е кај нив – оттаму ги гледаа пораките, но не одговараа.[caption id="attachment_264487" align="alignnone" width="1726"] Дел од преписките со лажни тврдења преку лажниот профил со редакцијата на „Скопје1“[/caption]Редакцијата на „Слободен печат“, пак, стапила во контакт со повеќе џамии во косовско Подујево. Тие не ја виделе, ниту имаат информации за Вања. Контактирале и со имамот, чиј идентитет е злоупотребен.„Веќе сум запознаен со овој профил кој неколку пати го пријавував во полиција затоа што често преку него некој, или криминална група, ги злоупотреубаше верниците злоупотребувајќи го моето име. Им давал совети, а потоа им барал пари користејќи го моето име и претставувајќи се од различни локации во светот. Овој профил нема никаква врска со ниедна џамија во Подујево“, рекол Арбер Бериша чија фотографија е злоупотребена за „Слободен печат“.На социјалните мрежи, корисниците веќе се самоорганизираа за да го пријават профилот како лажен, но и коментарите како „спам“. Токму коментарите од овој профил, беа поттик за објава на вест во дел од медиумите дека Вања е најдена, што веднаш беше демантирано од Министерството за внатрешни работи.Истовремено, тече четвртиот ден како се трага по Вања. Мајката нема никакви информации за неа од понеделникот, а заедно со таткото замолуваат секој што знае било што, да го пријави во полиција. Во изјава за „Скопје1“, мајката Зорица ја опиша ќерката како дете кое никогаш не би избегало, посочи дека утрината излегла од дома насмеана, како и дека телефонот бил исклучен во 07:40 минути. Тргнала на училиште, но не стигнала, за што алармирал класниот раководител. Мајката пријавува во полиција, па помош бара преку социјалните мрежи.Поради можноста Вања да е надвор од Македонија, по неа сега трага и Интерпол. Вчера беше објавена меѓународната потерница. Во Скопје осамнаа куп фотографии од девојчето. Мајката Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“ посочи дека се проверуваат сите траги. Шпекулациите дека се качила во бел автомобил од Дебар маало кажа дека се проверени и неточни.МВР има посебен оперативен штаб за овој случај.

Македонија | пред 2 години

Веќе на 28 ноември, 24 часа по пријавата, Вања е огласена за исчезната и на сајтот на МВР. Истиот ден, попладнето, објавена е и потерница по неа, прво национална, а потоа и меѓународна.

Нејзините фотографии беа ставени на сајтот на „Интерпол“. На границите, таа беше на т.н. „стоп листа“.

МВР имаше формирано штаб кој пребаруваше низ цело Скопје за да се најде девојчето. Но залудно. Се барало во подруми, речното корито на „Вардар“, верски објекти. Истовремено, се вештачеле уредите кои биле одземени од семејството, а за кои министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кажа дека дале одредени информации – не прецизирајќи што.

Untitled-1-1

Рекла-казала е муабетот дека Вања се качила во автомобил, вели мајката Зорица и додава: „Сите траги се прегледуваат“

Неточна е информацијата која беше објавена во јавноста дека исчезнатата Вања Ѓорчевска се качила во автомобил близу „Броз кафе“. Ова за „Скопје1“ го посочува нејзината мајка, Зорица Ѓорчевска. Според неа, коментарот дека Вања влегла во бел автомобил, паркиран пред кафуле во Дебар маало - не е вистина. Истовремено, два дена се трага по 14-годишното девојче кое тргна во училиште, но таму не стигна. Како јавноста, така и семејството е во исчекување. На случајот се работи темелно, смета и мајката, која сведочи дека полициски службеници деноноќно го пребаруваат теренот.„Немаме нова информација. И јас сум во истото исчекување. Полицијата е на терен, цело време се работи, вчера пуштија и објава на републичко ниво. Во контакт сме со полицијата, сите можни траги се прегледуваат, меѓутоа, се уште немаме ништо. Немаме никаква официјална информација“, вели Ѓорчевска за „Скопје1“.За шпекулацијата во јавност, дека девојчето се качило во некаков автомобил, а за што, објавувачот тврдеше во коментари на социјалните мрежи, мајката за „Скопје1“ вели: „Не, не, не. Тоа беше прегледано. Тоа е муабет рекла-казала, начул, сакал да помогне, да пише.. Значи таа информација е шпекулација, односно пред се рекла-казала“.Мајката на исчезнатата Вања, посочува дека полицијата неуморно работи за пронаоѓање на нејзината ќерка. Смета дека на истрагата нема да влијае ниту Самитот на ОБСЕ кој се одржува во Скопје.„Полицијата е цело време на терен. Во интерес на истрагата не можат да информираат. Кога треба наша помош, тие бараат. Гледаме, разговараме, прабаруваме.. Луѓето навистина се цело време на терен. Ништо нема да ја попречи истрагата, работат луѓето“, додава Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“.Пред два дена, во 7:20 минути наутро, на Вања и се губи секој траг. Тргна накај училиште, по 20 минути, класниот раководител јавува кај мајката дека Вања не е таму, по што, мајката не може да ја добие ниту на телефонот кој е исклучен. Ја алармира полицијата, а потоа, во 12 часот, и јавно бара помош.По 24 часа, МВР ја објави Вања во делот на исчезнати лица, на нивната веб-страница.„Ѓорчевска Вања, татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее. Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон“, пишуваат од МВР.Вања е 14-годишна ученичка во деветто оделенение.

Македонија | пред 2 години

Сепак, клучни биле снимките од надзорните камери. Биле одземени над 70 снимки од различни места. Била следена трагата, која довела до првите осомничени.

Четврток, 30 ноември

 Главниот осомничен за организација и извршување на убиството на Вања, но и на велешанецот Панче Жежовски е Љупчо Палевски-Палчо. Станува збор за лик кој беше бизнисмен, потоа политичар, а заврши како контроверзна личност кој има статус: осомничен за две убиства.

Додека трае потрагата по Вања започната од 27 ноември, тој постојано споделува објави на социјалните мрежи. Воглавно, насочени против западните политики, а додека во Скопје се одржува ОБСЕ-самитот. Додека цела Македонија трага по Вања, тој на десетиците профили на кои ги има содржините кои тој ги објавува, на неговиот не објавува ниту збор за 14-годишното девојче.

Четврток, 30 ноември, тој ја напушта Македонија. Со автомобил заминува за Белград. Го вози неговиот адвокат Васко Стојков. Тој денеска за медиумите кажа дека нема никаква поврзаност со настанот, ниту знаел дека Палчо е осомничен.

За „Телма“ изјави дека откако разбрал за што е осомничен Палевски, му пратил порака да се врати и да даде исказ затоа што станува збор за сериозна работа. Дали и каков одговор добил не сакаше да открие, рече дека сѐ кажал во полиција, но оттогаш повеќе нема контакт со Палевски, кому освен што му бил адвокат во одредени случаи, биле и пријатели.

Од Белград, Палчо заминал за Бугарија, покажуваат трагите кои ги оставал зад себе. По него ќе биде распишана и меѓународна потерница, во моментот кога ќе биде започната истрагата.

Сабота, 3 декември

Полицијата сослушува сведоци, меѓу нив и еден од сега осомничените. Тој дава информации преку кои се почнува со разоткривање на целиот злочин кој го направиле. Се проверуваат локации, се обезбедуваат лица. Потрагата по Вања трае.

Вербалните докази се споредуваат со материјалните, се склопува целата приказна. Се наоѓа возилото марка „цитроен“ и се прават поврзувањата помеѓу двете убиства.

По Вања, сѐ уште се трага. Доцна вечерта се дознаваат првите грозоморни детали.

Недела, 4 декември, утро и пладне 

Телото на Вања е најдено. Закопано. Локацијата е во селото Мирковци, во Скопска Црна Гора. Поради тоа што се обезбедуваат лица, но и докази, нови лица добиваат статус на осомничени – не се споделуваат детали сѐ до вечерта.

Полицијата трага по Палчо, кој е недостапен. Утврдуваат дека е надвор од Македонија. Ги наоѓаат соучесниците, трите лица Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски. Тие признаваат вина и сите дејствија кои ги сториле.

Сите искази се поклопуваат. Токму од нив се посочува и таткото Александар, како лице кое учествувало во планот за киднапирање и користољубие. Кажуваат дека Александар ги давал информациите околу тајмингот кога Вања излегува за на училиште и дека тој ден ќе биде сама. Практично, укажуваат дека Александар имал контакт со Палчо – кој се сомничи дека ја уби Вања.

Недела, 4 декември, 20:57 минути

Обвинителството излегува со заедничко соопштение.

„По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.  Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.

Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи.

Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.

Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка.

Воедно, наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност“.

Понеделник, 00:00 часот

 Осомничените се носат во Кривичниот суд, каде им се одредува притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања