(Видео) Спасовски потврди дека Палчо е уапсен, но и дека бил креатор, организатор и извршител на убството на Вања
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потврди дека осомничениот за убиство на Вања Ѓорчевска, лицето Љупчо Паловски-Палчо е фатен во Турција. Спасовски го опиша како креатор, организатор и извршител. Тој додаде дека Палчо бил на „црвена листа“, а информациите се добиени преку оперативни сознанија.
„Тој беше последната алка од овој грозоморен чин, која недостасуваше за да кажеме дека сме заврише се како Министерство за внатрешни работи, кажа Спасовски.
Тој посочи дека и кривичната пријава е доставена.
„Кривичната пријава е изготвена на повеќе од сто страници, вклучувајќи ги доказите, предадена е во ОЈО. Опфатени се пет лица, од кои еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршителство и убстово и еден за помагање при грабнување, согласно доказите кои полицијата ги прибра. Предметот е во целосна надлежност на ОЈО“, посочи Спасовски.
Екстадициониот притвор продолжува преку Министерството за правда.