Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче - транспортерот на Палчо негирал вмешаност

објавено пред 1 година -

Македонија
transporter-palco

Го возел Љупчо Палевски-Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, но негирал дека во тие моменти знаел дека во неговиот автомобил има лице кое е осомничено за двојно убиство, дознава „Скопје1“. Ова во кратки црти е исказот на лицето С.Д. кое е од Струмица. „Скопје1“ дознава дека тој пред полицијата тврдел дека за вмешаноста на Палчо во убиствата дознал на 3. декември – датумот кога Обвинителството (вечерта) соопшти дека Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се убиени, а во јавноста експресно се рашири информацијата дека организатор и реализатор е Палчо.

— реклама —

Транспортерот на Палчо, на социјалните мрежи споделил и фотографија од Турција која е објавена на 3 декември, но утрото. Ова укажува дека и Палчо бил во Турција кога јавноста и институциите почнаа да бараат одговорност. МВР за цело време го има неговиот траг. Транспортерот посочил дека бил искористен од Палчо.

— реклама —

[caption id="attachment_266155" align="alignnone" width="1282"] Фотографија објавена од транспортерот на Палчо направена во Турција[/caption]

— реклама —

Упасениот транспортер на Палчо, се противел и да му се одреди мерка притвор. Реагирал и кога бил запрен на граница, а возилото му било запечатено, додека тој со полициска придружба бил однесен во станица, па донесен во Скопје, дознава „Скопје1“. Пред полицијата раскажал сѐ – го опишал секој момент поминат со Палчо – лице кое институциите го посочија како креатор, организатор и реализатор на убиствата на Панче и Вања, велат нашите извори од истрагата.

На социјалните мрежи кружи и фотографија од транспортерот и Палчо, но „Скопје1“ не успеа да утврди дали истата е направена и споделена во периодот додека осомничениот за организација и реализација на убиствата е во бегство.

[caption id="attachment_266158" align="alignnone" width="1290"] Транспортерот и Палчо[/caption]

Транспортерот на Палчо, возел бел џип „Ланд ровер“. Тој го возел осомничениот преку граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). Нему му е изречен притвор од 48 часа.

Засега е познато и дека Палчо од Македонија до Белград отишол со неговиот адвокат, кој во медиумите сподели дека откако дознал дека е осомничен за двете убиства, му пишал порака да се врати и да даде исказ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања