Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Не е исклучено адвокатот на Палчо кој го изнел од Македонија да биде следниот осомничен - останува во полициска станица до утре

објавено пред 1 година -

Македонија
download

Следните 24 часа, адвокатот Васко Стојков, кој со автомобил го изнел Љупчо Палевски-Палчо од Македонија, ќе остане во полициска станица, дознава „Скопје1“. Викнат е на распит и дава исказ. Утре, пак, ќе се одлучува дали тој ќе добие статус на осомничено лице оти го пренел Палчо надвор од државата, а по убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. И тој, како и другото лице од Струмица, учествувале во транспортот на Палчо. Анализиран е неговиот првичен исказ, но и други докази – а сега дава повеќе информации пред полициските инспектори. Засега е познато дека Стојков исконтактирал со Палчо и откако го оставил во Белград и се вратил во Скопје.

— реклама —

Ќе остане на Обвинителството да одлучи дали и за Стојков, ќе бара мерка за обезбедување на присуство – што значи притвор, куќен притвор, одземање на пасош или повремено јавување на суд. Овие мерки се определуваат со цел, лице осомничено во некој случај, да не се даде во бегство или да влијае на сведоци.

— реклама —

Лицето од Струмица, кое по Стојков го презело Палчо и го однело во Бугарија, па Турција – заврши зад решетки. Тој е во 48-часовен ефективен притвор кој го издржува во затворот „Скопје“ во Шутка.

— реклама —

Претходно, Стојков се објаснуваше зошто се решил да го однесе Палчо во странство и ги правдаше своите чекори. Според неговиот исказ во медиумите, Палчо му кажал да го однесе во соседството на здравствени прегледи. Го оставил, па се вратил во Скопје. Кога дознал дека е осомничен, според тврдењата на адвокатот, му пишал порака да се врати во Македонија и да даде исказ пред истражните органи.

Засега е познат и фактот дека Стојков е правен застапник на Палчо во одредени случаи. „Скопје1“ пред неколку денови, кога се дозна дека го возел Палчо до Србија, се обиде да исконтактира со него - но тој ги одбиваше повиците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања