„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Ќе прават и радикални протести за Палчо во сабота - групата ги најави, но МВР вели „немаме контрола на креирањето фан-страни“

објавено пред 2 години -

Македонија
protest-palco

Групата „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“, освен поддршка, почна и со организација на како што се наведува: „масовен радикален протест“. Има и нови поддржувачи. Од МВР за „Скопје1“ велат дека немаат контрола врз вакви групи на социјални мрежи се додека не сторат кривично дело. Истовремено, најголем број од членовите кои објавуваат содржини се профили со прекари, а не точен идентитет. Во неа се шират заговори во стилот дека Палчо е невин, истрагата лажирана, државата го мести. Највеќе внимание привлече објавата за протестот, најавен за пред амбасадата на САД.

— реклама —

„На ден сабота (09.12.2023) ве повикувам на масовен радикален протест да покажеме на ку**о-мурто системот во северната вуко**бина дека народот македонски не потпаѓа на веќе видени и прочитани удбашки финти и сите заедно да бараме ослободување на притворените. Место на собир ќе биде америчка амбасада, а ќе се блокираат различни улици до Министерство за внатрешни, зависи од тоа колкава група сме. Почеток во 16 часот. Секако протестот нема да биде уредно пријавен и нема да има северџанска милиција присутна затоа ве молам да се држите меѓу себе како прави Македонци“, стои во најавата.

„Скопје1“ побара став од МВР, дали по изјавата на Оливер Спасовски дека има обиди за дестабилизација на Македонија, ќе се провери кој ги шири заговорите низ групата, зошто е формирана, а сега организира и протест.

— реклама —

„Во врска со Вашето барање, Ве информираме дека Министерството за внатрешни работи нема контрола на процесот на креирање на групи, профили и Фан страни на социјалните мрежи. Доколку тие групи, профили и Фан страни се користат за преку нив да се вршат кривични дела од Кривичниот закон на РСМ (говор на омраза, закани по живот, загрозување на сигурност и сл.), во координација со ОЈО се постапува соодветно, со цел добивање на информации за креаторот на истите“, велат од МВР за „Скопје1“.

Групата беше формирана завчера, а од вчера до денес има 225 членови. Креатор е „Тони Десна“, а насловната фотографија е со Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен како организатор и реализатор на убиството. Најголем дел од објавите му се посветени токму него.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања