(Видео) Возачот на Палчо до Турција нема да излезе од затворот во Шутка – притворот ќе му трае 30 дена
Продолжен му е притворот на Стефан Димковски, осомничен за помагање на Љупчо Палевски-Палчо, кој го транспортирал од Белград преку Бугарија до Турција, а по убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, дознава „Скопје1“ од судски извори.
Судијата од Кривичниот суд смета дека тој може да биде недостапен во текот на истрагата, но и да влијае врз сведоци и лица кои имаат информации. Затоа, Димковски ќе остане во затворот „Скопје“ во Шутка.
Неколку часа даваше исказ пред судијата. Се противел на мерката, како тој, така и неговиот адвокат. Обвинителката останала на предлогот. Судијата пресекол – сомненијата се основани.
Димковски пред да влезе во судот, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.
Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.
Детали за ова – тука.