Скопје

(Видео) „Што направи бе, ја уби мајка ми“ – шест повредени во сообраќајка во Кисела Вода

Тешка сообраќајна несреќа се случи на булеварот „Борис Трајковски“, вчеравечер околу 22 часот. Според првичните информации има тешко повредени, дошла и Брза помош. Од снимките се слуша гласно викање, плачење и навреди.

„Што направи бе, ја уби мајка ми.. Мајка ми ја уби…Колку возиш, колку возиш п**а ти ма**р. Што направи?“, се слуша од видеото.

Од МВР посочуваат дека шест лица се повредени.

„На крстосница од бул. „Борис Трајковски“ и ул. „Народни Херои“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.С.(43) од Скопје и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.А.(41) од с. Батинци-скопско. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и четворица сопатници од двете возила „ауди“ констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Сведок посочува дека една од причините е несоодветната брзина на некое од возилата.

На почеток