Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Боки 13 со терапија во Апелација: Јас сум со траен инвалидитет и се учам да живеам со новонастанатата состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
boki-13-31313131

Бојан Јовановски-Боки 13 се појави во Апелација на рочиштето за „Меѓународен сојуз“ каде е обвинет. Тој кажа дека иако нема видливи деформитети, сепак, има органско заболување. Ова е негово прво појавување во јавност пред медиумите. Посочи дека останал без 90 отсто од желудникот, а со таа состојба се учи да живее. Со себе, посочи дека носи и цела терапија која ја прима на одреден период. Боки 13 посочи дека секоја компликација може да доведе до состојба од животозагрозувачки карактер. За време на рочиштето, Боки 13 излезе надвор од судницата поради лошење и земање на терапија.

— реклама —

— реклама —

„Мојата здравствена состојба, од ден во ден, при било каква компликација би била од животно-загрозувачки карактер. Ми беше констатирана ‘интенстинална метаплазија’ на желудник и дел од тенките црева, мене ми е извадено над 90 проценти. Многу е жално што некако мојата здравствена состојба стана тема на дискусија во целата држава. Човек кој има извадено над 90 проценти од желудникот има направено субтотална гастроктомија поради постоење на повеќе од осум чирови, кои беа со некротично дно, ако сакате детали – интестинално метаплазие кое значи предканцерогена состојба, е нешто со кое не може секој да се пофали или пак да живее. Во моментов повторно имам улкуси и некакви варикозитети кои се од животозагрозувачки карактер. Со оваа здравствена состојба не бев и не сум во услови да бидам во затворот каде ја издржував казната на која бев правосилно осуден и поради тоа сум пуштен на домашно лекување односно на прекин на издржување казната затвор. Со себе носам цела терапија за да функционирам, покрај тоа што имам сериозен хигиено-диететски режим кој изискува посебна храна за да функционирам. Имам проблеми од органски карактер“, кажа Јовановски-Боки 13.

— реклама —

Тој долго време бил на болничко лекување. Кажа дека нема проблем со движење, но има моменти кога мора да мирува.

[caption id="attachment_268624" align="alignnone" width="1920"] „Се работи за органско заболување и се учам да живеам со новонастанатата состојба. Јас сум со траен инвалидитет, кој не е од физичка природа или со физички деформитет, туку станува збор за состојба која неможе да се промени“, вели Боки 13[/caption]

„Морам да кажам дека бев подолг временски период на болничко лекување. Немам јас физички проблем. Гледате дека и денеска се движам нормално, немам заболување од физичка природа. Туку се работи за органско заболување и се учам да живеам со новонастанатата состојба. Јас сум со траен инвалидитет, кој не е од физичка природа или со физички деформитет, туку станува збор за состојба која неможе да се промени. Имам сериозна терапија која ја примам, сериозен и строг режим кој морам да го практицирам секој ден. Тоа не значи дека имам проблем со движење, но имам моменти кога морам да мирувам, да се придржувам кон тоа. Го правам тоа, се учам да живеам со тоа и со новата состојба“, додаде Јовановски-Боки 13.

На прашањето како неговата состојба е лоша, кога става фотографии на социјални мрежи, тој посочи: „Тоа е првата фотографија откако излегов од болница, мислам дека со поента и цел е објавена на моите социјални медиуми. Сепак јас сум личност која бев изложена на сериозна јавна тортура и линч сите овие години. Така што, тоа не е шетање. И повторно ќе кажам, моја та здравствена состојба е од друг карактер и тип, која е многу сериозна и се работи за траен инвалидитет, кој не е од физичка природа, или со физички видлив деформитет“.

Неговото лекување и влошена здравствена состојба беше и причина за да се одложуваат повеќе јавни седници во Апелација за предметот „Меѓународен сојуз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања