Македонија

Ковачевски остана најскап инфлуенсер, за 90 дена троши по 20 илјади евра на „Фејсбук“

Премиерот Димитар Ковачевски и СДСМ се на врвот од листата по најплатени реклами на социјалната мрежа „Фејсбук“. За 90 дена, Ковачевски потрошил речиси 20.000 евра за да биде виден преку спонзорирани реклами. СДСМ пак, платиле 13.250 евра. По нив следуваат три портали, од кои два со иста сопственичка структура, а плаќаат илјадници евра. Од првата до последната спонзорирана објава, Ковачевски потрошил 107 илјади евра.

На листата е и лидерот на ВМРО-ДППМНЕ, Христијан Мицкоски, кој за истиот период потрошил само 1.209 евра. Ова е за 16 пати помала сума од таа која ја троши само Ковачевски. Повеќе од Мицкоски на социјални мрежи троши и вицепремиерот Бојан Маричиќ чие рекламирање на „Фејсбук“ чини 1.238 евра, како и Фатмир Битиќи кој платил 1.293 евра.

Ковачевски го доби прекарот „најскап инфлуенсер“ поради големи суми потрошени на спонзорирање објави. Најчесто ги рекламира своите активности, а истото го прави и СДСМ.

На почеток