Македонија

МВР за апсењето на Дрин, внукот на Ахмети: Го запреле со џипот, го провериле и нашле пиротехнички средства

Пријава до Јавното обвинителство ќе има за Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“. Ова од МВР го потврдуваат за „Скопје1“ и посочуваат дека пиротехничките средства му биле најдени при рутинска контрола.

„Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства“, велат од МВР.

Тие додаваат: „Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“.

(Видео) Уапсен е Дрин, внукот на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“

На почеток