Македонија

ОМО Илинден стави вето на членството на ПОЕН во Европската Слободна Алијанса

„Ја информираме јавноста дека политичата партија за општествен и економски напредок ПОЕН нема да биде примена за придружна членка на Европската слободна алијанса (ЕФА) оваа година, поради вето од страна на ОМО- Илинден, политичка партија од Република Бугарија. ПОЕН требаше да стане придружна членка на ЕФА на Генералното Собрание на ЕФА што ќе се одржува од 6- 10 Март 2019 во Брисел.

Ваквата реакција на ОМО Илинден,  доаѓа бидејќи ПОЕН го поддржува Преспанскиот договор,  а пратеникот Рубин Земон  гласаше за уставните имени кои произлегуваа од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Сметаме дека ваквото недоразбирање со ОМО Илинден и со ЕФА ќе се решат по спроведувањето на изборите за Европскиот парламент, кој ќе се одржи  меѓу 23 и 29 мај 2019 година, бидејќи сепак Преспанскиот договор е решение на спорот помеѓу двете соседни земји, а трета земја т.е граѓаните на Република Бугарија или политички партии од трета земја, не би требало да бидат засегнати со тоа, а поготово тоа да биде причина за запирање на зачленување и интегрирање во европски организации на политички партии од Република Северна Македонија.

Инаку, делегација на ПОЕН предводена од претедателот д-р Рубин Земон,  на 4 декември 2018 година  во просториите на  Европската слободна алијанса во Брисел, имаше средба со делегација на ЕФА предводена од  Лорена Лопез, европратеничка и потпретседателка на Алијансата, со цел презентација на целите и активностите на ПОЕН и резгледување на можностите за соработка и зачленување во ЕФА“, се вели во соопштението на ПОЕН.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток