Ковачевски ќе го кани Мицкоски на средба во кафуле на улица Македонија, за средбата да не биде тајна
Ниту премиерот Димитар Ковачевски не планира тајно да се среќава со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека таа ќе биде на јавно место, но не кажа дали ќе биде најавена за медиумите или ќе биде без јавност.
„Па ја не гледам да имаме тајни средби. Кога ќе имаме средба, таа ќе биде на јавен простор, дали во Собрание, дали во Клуб на пратеници, дали на улица Македонија во некој кафуле“, рече Ковачевски.
Тој посочи дека двете партии имаат комуникации.
„Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е во редовна комуникација со потпретседател на СДСМ“, додава Ковачевски.
Претходно, Мицкоски кажа дека нема да седне на маса со Ковачевски, ако тоа се прави тајно.
На истата тема: