(Фото) Со месеци: Поради бетонирање на градилиште во Центар, родители не можат ни деца во градинка да си остават – рекација нема
Камиони на градилиште секојдневно блокираат влез на градинка во Центар. Граѓаните неколкупати алармирале кај градоначалникот на Општината, Горан Герасимовски, кој пак им посочувал дека се преземени мерки. Но утринава, родителите кои носат деца во оваа градинка, немаат каде да ги паркираат возилата оти паркинг местата се блокирани.
„Градинката Наум Наумовски Борче (ул.Борка Талески бр.50) е клон на ЈУДГ ОЦ Кочо Рацин Скопје во Центар. Карши градинката, се градат две згради и секој ден кога ги носиме децата во градинка, има камиони кои ја блокираат целата улицата. Од 7:30 до 8:30 (време кое е наменето за оставање на децата во градинка) неможе да се помине со кола и мораме да наоѓаме место за паркинг во соседните улички и да носиме деца во раце. Од 15:30 до 16:30, работниците најбезобразно низ целиот паркинг ставаат конуси и не ни дозволуваат да се паркираме затоа што ќе вршеле градежни работи“, сведочи Маја Арсовска, чии деца одат во оваа градинка.
Таа посочува дека ова се се случува пет месеци. Дополнително, проблем за градинката создава и бучавата која се зодава.
„И ве замолуваме, кој и да е инвеститор да си постави некаква звучна изолација, секој ден се вршат градежни работи и децата неможат да спијат.
И државата сериозно да подразмисли на едукација на градежните работници, бидејќи вчера двајца работници ме убедуваа дека тоа не е паркинг на градинката додека стоеја под знак за паркинг на кој пишување “Паркингот е наменет за градинката”, додава Арсовска.
„Скопје1“ за овој проблем алармираше кај Герасимовски кон средината на ноември, но и денеска, сликата е иста.