Македонија

(Фото) Објавени нови фотографии од возилото со кое е киднапирана Вања, најавени и снимки

Српскиот политичар, Срѓан Ного, објави фотографија од возилото со кое е киднапирана убиената Вања Ѓорчевска, а најави дека утре ќе ги објави и сите снимки. Според датумот од фотографијата, извадена од снимка од безбедносна камера, таа е направена утрината кога Вања е киднапирана, во 07:34 минути. На втората фотографија направена од безбедносни камери на бензиска пумпа (нема датум), се гледа и ликот на мажот кој го управува автомобилот, а наликува на убиениот Панче Жежовски.

„Ексклузивно ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29 часот и 30 минути, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ексклузивно објавувам видео од „киднапирањето“ на Панчо Жежовски, фризер од Велес. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупча Палевски Палчи и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и Бор Видевски од Велес. Очекувајте ексклузива во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме“, напиша Ного на „Твитер“.

Во следна објава ја споделува и фотографијата од возилото на бензиска пумпа.

„Палчо или Панчо? Ексклузивно: снимка од Панчо Жежовски на бензинска со неговиот ‘киднапер’“, напишал тој.

Ного, не споделува од каде му се фотографиите и снимките, ниту од која причина ги објавува. Непознато е ниту дали Обвинителството ги поседува овие снимки и слики. Познато е само дека по убиствата, осомничениот за организација и реализација, Љупчо Палевски-Палчо отиде за Белград, каде помина еден ден. Потоа беше и во Ниш. Од убиството на Вања, до напуштање на Македонија од страна на Палчо поминаа четири дена.

Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо, бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

На почеток