Полицијата не може да го најде ексминистерот Беким Незири, вработен во М-НАВ, а кој е пријавен дека ги организирал и пропуштил лицата кои влегоа да се тепаат со контролори на летање, дознава „Скопје1“. Освен по него, се трага и по други три лица кои поминале три безбедносни проверки и влегле во зградата од каде се контролира воздушниот сообраќај. Полициски службеници имале неколку обиди да го побараат Незири, дома и на работното место.
Засега е познато дека најдени се само четворица инволвирани во упадот. Подигнати се и снимки од видео надзорот на М-НАВ од кои треба да се утвди како Незири ги пропуштил лицата кои тепаа контролори на летови, но и кои безбедносни проверки не биле направени од страна на приватната фирма која го обезбедува објектот. Поради овие пропусти, но и вчерашниот инцидент, од денеска и МВР ја обезбедува зградата.
„Скопје1“ го контактираше Незири на телефонскиот број кој долги години го користеше, но наместо тој, друго лице одговори на повикот. Кажа дека бројот повеќе не е на Незири, а кога побаравме да ни го даде неговиот, рече: „Барајте го од друго место“.
Премиерот Димитар Ковачевски најави разрешување на тројцата директори во М-НАВ од редовите на ДУИ. Тоа разрешување ќе се случи во вторник на редовна владина аседница, доколку, тие денеска не поднесат сами оставки. Состојбите во М-НАВ ескалираа поради објавени огласи, за кои Синдикатот на контролори на летање посочи дека е наместен за кадри нестручни за тие позиции.
Претходно:
Од министер до директор и пропуштач на тепачи во М-НАВ: кој е Беким Незири кој пушти тепачи во кулата за летање
Претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, кој истовремено е вработен во М-НАВ е пријавениот дека учествувал во тепањето на вработените во контролната кула за летови. Незири беше повикан и во полициска станица, а најавено е дека ќе биде известен обвинител за овој случај. На судовите не им е првпат да го чујат името на Незири, бидејќи тој бил и претходно гонет.Првите информации се дека вчера, Незири пуштил да влеза неколку лица преку рампата на М-НАВ. Влегле во објектот. Незири се з
Македонија | пред 2 години