Македонија

Финансискиот директор Деари не „летна“ од М-НАВ, а молчи дали ќе бара суспензија за Беким Незири од ДУИ

Од тројцата директори во М-НАВ, нечепнат остана најгласниот на социјалните мрежи, финансискиот извршен директор Хасим Деари. Тој себеси се прогласи за успешен менаџер, па порача: „Како што изгледа, успехот некому кочи“.

Деари е познат на јавноста, откако заедно со разрешениот Хамиди го пријавија синдикалниот претседател на контролорите на летање, Александар Тасевски, за наводно упатени закани. Владата досега не објави образложение како го остави само него на директорската позиција и по која заслуга.

„Скопје1“ се обиде да исконтактира со Деари. Него го прашавме дали ќе бара да се суспендира Беким Незири од ДУИ, вработен во М-НАВ, а откако стана осомничен дека внел тепачи во кулата за летање и помогнал при напаѓање на неговите колеги. До овој момент, одговори нема.

Тој на социјалните мрежи кажа дека бил клеветен. Посочува дека платата која ја зема не е над 3.000 евра, како што тврди движењето „Беса“. Истовремено, најви тужба против нив.

Функцијата ја извршува од март минатата година.

На почеток