Македонија

(Видео) Градоначалничката Данела си доби партија, на промоцијата Миле Зечевиќ и Драги Книга – таа се жалеше дека е напаѓана

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска наместо сама да ги испроба силите како што ветуваше и да формира партија, си доби веќе постоечка партија. Таа од вечерва е лидер на политичката партија Нова Алтернатива. На промоцијата во прв ред беше генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ. Арсовска од говорницата убедуваше дека партијата не е во коалиција со СДСМ.

На Конвенцијата беше и Драги Митковски познат како Драги Книга, за кого во јавноста се зборува дека е еден од најверните луѓе на Никола Груевски, кој пак негираше било каква поврзаност со Арсовска и Драги Книга.

„Јас сум најнапаѓана личност во Македонија. Сите напади врз мене и моите соработници се инспирирани од многу страв. Ако сме толку небитни, зошто тогаш нè напаѓаат? Но, ние имаме луѓе на кои што граѓаните можат да им веруваат. Како нова сила имаме моќ за да влијаеме и да го исполниме тоа што го ветуваме. Затоа ги повикувам сите граѓани да се приклучат“, рече Арсовска.

Инаку „Скопје1” веќе пишуваше дека Нова Алтернатива е партија на Ѓорѓи Оровчанец, министер во Владата на Љупчо Геоггиевски, па член на ВМРО- НП и лидер на Нова Алтернатива која на повеќе изборни циклуси беше во коалиција со СДСМ.

На почеток