Ни доаѓа снежна бајка: Овој викенд, снег насекаде!


Денес, за големиот Христијански празник “Богојавление – Водици” и понатаму ќе имаме натпросечно топло време со услови за слаби локални врнежи од дожд, особено во западните предели. Ќе продолжи да дува јужен и југозападен ветер и тој повремено ќе биде засилен на интензитет, јавува метео-прогрозерот, Славчо Попоски.
„Температурите ќе бидат натпросечно високи и на повеќе места ќе се искачуваат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат до близу 20 степени.
Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и на Скијачките центри се очекува формирање на снежна покривка од над 30-40 цм, во градовите во западните предели таа ќе биде со висина локално и до 20 цм, понекаде и до 30 цм, во скопскиот регион, како и во централните, југоисточните и источните предели та ќе биде најмала и ќе изнесува некаде од 3 до 10 цм, понекаде може малку повеќе“, додава Попоски.
