Македонија

Африм Гаши на средба со заменик амбасадорот на Велика Британија г. Доминик Отвеј

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од генералниот секретар Скендер Рецепи- Зејд, денес оствари средба со заменик амбасадорот на Велика Британија г. Доминик Отвеј.

Во овој пријателски состанок помеѓу претседателот на Гаши и г.Отвеј се разговараше за последните случувања во земјата и претседателските избори што се очекува да се одржат на 21-ви април.

Претседателот Гаши, исто така, го информираше заменик-амбасадорот г. Oтвеј за придонесот и конструктивната улога на партијата “АЛТЕРНАТИВА” во интегративните процеси на земјата.

На почеток