Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека нема да ја гласаат техничката Влада. По говорите на мандатарот Талат Џафери и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пратениците излегоа од салата.
Откако излегоа од салата, на говорницата излезе Дарко Каевски од СДСМ кој најави дека Ковачевски пак ќе биде премиер, а СДСМ ќе формира Влада. Според него, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поразена и сака намерно да ги проблематизира изборите.
Претходно:
Милошоски: Македонскиот народ стана кираџија - еден дезертер замина од премиерската функција, друг дезертер да седне
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски рече дека Димитар Ковачевски, кој е дезертер, ќе стане од фотелјата, за да седне Талат Џафери кој исто така е дезертер од АРМ. Милошоски укажа дека ниту еден од двајцата немаат искрени чувства кон Македонија. Ја искритикува СДСМ дека ја продале куќата.„Еден дезертер даде оставка, другиот ќе седне на фотелјата. Исто како што беше Џафери најлош, така и Ковачевски ќе биде. Пратениците на ДУИ нема пратеници и број на гласови за да избере премиер. Но Ковач
Македонија | пред 2 години