Анализа на времето за оваа недела: очекувајте сонце!


Во текот на оваа седмица времето ќе биде под влијание на антициклонот “Зевс” кој освен Македонија, го опфаќа и поголемиот дел од Европскиот Континент. Времето ќе биде стабилно, суво и со се повеќе сонце.
„Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите, особено во првите денови од оваа седмица ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -10 и -2 степени, а тие понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени. Максималните дневни температури ќе бидат во постепен пораст секојдневно“, вели метео-прогнозерот Славчо Попоски.
Тој додава:
Особено натпросечно високи температури преку ден ќе имаме за време на викендот кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, стабилно и суво со се повеќе сонце. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -4 и -2 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 7 и 9 степени.
Се до 6 февруари врнежи од снег и нова снежна бајка во Македонија не се очекува.
