Видео и Фото

(Видео) Ќе земаат по 2.500 евра месечно, цела година: Ковачевски и Спасовски остануваат на товар на буџетот

Пред две недели, Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, усвоила решенија за да експремиерот Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски добиваат апанажа. Пратениците од СДСМ биле единствено присутни во салата, а со седум гласа, без никаква дискусија биле усвоени решенијата. Со ова, цела година, Ковачевски и Спасовски ќе добиваат по 2.500 евра месечно.

„Поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски на кого функцијата му престана поради избор на преодна Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на функцијата“, кажа претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска и го стави предлогот на гласање.

Сите седум пратеници кренаа раце и имаше седум гласа „за“.

„Поранешниот министер Оливер Спасовски на кого функцијата му престана согласно Законот за Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на фукција“, кажа претседателката, а и овој предлог беше изгласан со седум гласови „за“.

Освен тие двајца, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска од Комисија за заштита од дискриминација, како и Исмаљ Камбери од Комисија за заштита од дискриминација.

На почеток