Промени тема
Контакт

СОБРАНИЕ

media-library18pkkdno873r9Akbktb

Нови правила за јавните набавки: Ќе се користи и вештачка интелигенција за откривање неправилности

Нови правила за избор на најповолни понуди, поголема употреба на електронскиот пазар, дигитални алатки за откривање неправилности и промени во жалбените постапки се дел од измените на Законот за јавните набавки што ги изгласа Собранието.Една од позначајните новини е задолжителното користење на критериумот „најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот“ кај јавните набавки со повисока вредност. Со ова институциите нема автоматски да се водат само од најниската цена, туку ќе треба да ги земат предвид

Македонија | пред 1 ден

media-libraryukttgsvalnev8McobGt

Гаши најави повторување на опозициските прашања

Опозициските прашања ќе бидат повторно поставени на 130. пленарна седница на Собранието, откако за тоа се согласиле координаторите на пратеничките групи. Ова попладнево го соопшти собранискиот претседател Африм Гаши, но не прецизираше кога ќе се одржи седницата.Паузите го потрошија времето за пратенички прашања на последната седница, по што следуваа реакции од опозициските партии.Во меѓувреме, Собранието продолжи со 129. пленарна седница, на која со 63 гласа „за“ го донесе Законот за изменување

Македонија | пред 1 ден

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

СДСМ ја обвини власта дека со барање паузи и, како што наведува партијата, прекршување на собранискиот Деловник ја оневозможила седницата за опозициски пратенички прашања.Од партијата велат дека со барањето едночасовни паузи од страна на опозицијата и пратеникот од ЗНАМ, како и со одлуката на претседателот на Собранието, Африм Гаши, паузите да се пресметаат во предвидените два часа, практично било потрошено целото време за прашања. Поради тоа, на седницата не било поставено ниту едно прашање.Од

Македонија | пред 2 дена

media-library2usa516otu319IXcNE8

Паузите го потрошија времето за опозициски пратенички прашања на денешната седница на Собранието

Седницата на Собранието на Македонија посветена на опозициски пратенички прашања заврши без поставено прашање, откако опозицијата и владејачкото мнозинство побараа по еден час пауза, со што беа потрошени двата часа предвидени за оваа намена.Првата пауза ја побара координаторката на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари, со барање претседателот на Собранието, Африм Гаши, да обезбеди присуство на министрите во пленарната сала.По завршувањето на паузата, пратеникот од ЗНАМ, Даниел Стојчевски, поба

Македонија | пред 2 дена

240704659_536418067474676_7317527048721981219_n

Собранието ги разгледува измените на Кривичниот законик за усогласување со европските стандарди

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе расправа за измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кои се предлагаат по скратена постапка и имаат цел да ги намалат ризиците поврзани со членството на Македонија во единствената европска платежна зона – СЕПА.Со законските измени треба да се отстранат слабостите во постојните одредби и да се постапи согласно со препораките од евалуацијата на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам, усвоена од

Македонија | пред 3 дена

media-library2usa516otu319IXcNE8

Законот за јавни набавки денеска повторно пред пратениците по ветото на Силјановска-Давкова

Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки денеска повторно е пред пратениците, откако претседателката Гордана Силјановска-Давкова одлучи да не го потпише указот за негово прогласување. Законот се разгледува во рамки на 129. пленарна седница, во трето читање.За законските измени биле поднесени вкупно 2.158 амандмани. Владејачкото мнозинство предложило со амандман да се избрише членот 13, кој беше причина за ветото на претседателката, додека најголемиот дел од останатите ам

Македонија | пред 4 дена

Sobranie-zgrada

Собранието денеска расправа за нов член на Регулаторната комисија и измени на законот за земјоделство

Три комисии во Собранието денеска ќе одржат седници на кои ќе се разгледуваат кадровски решенија, промени во собраниските тела и законски измени во областа на земјоделството.Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе ги разгледува пристигнатите пријави на јавниот оглас за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, по што треба да утврди предлог-кандидат за функцијата.На дневниот ред се и предлог-одлуки за избор на члено

Македонија | пред 1 седмица

media-library2usa516otu319IXcNE8

Пензиските реформи, семејната политика и медиумите во фокусот на денешните собраниски расправи

Собраниските комисии денеска продолжуваат со разгледување на повеќе законски решенија од различни области, меѓу кои и измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Предлог-законот, кој е на дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, ќе се разгледува во второ читање. За него е поднесен еден амандман од пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.Предложените измени предвидуваат поинаков начин на финансирање на радиодифузната де

Македонија | пред 1 седмица

Sobranie-zgrada

Средношколци и пратеници во Собранието ќе дебатираат за дезинформациите и влијанието на социјалните мрежи

Како младите ги избираат изворите на информации, кому му веруваат и дали умеат да препознаат дезинформации и манипулативни содржини на интернет ќе биде во фокусот на дебатата меѓу средношколци и пратеници, што ќе се одржи во Собранието.Настанот „Што гледаш, кому веруваш? – Младите, информациите и дезинформациските кампањи“ го организира Институтот за комуникациски студии (ИКС), во соработка со Собранието, преку Парламентарниот институт и Клубот за младински прашања и политики.Целта е да се отвор

Македонија | пред 1 седмица

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието продолжува со расправата за ребалансот на Буџетот за 2026 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година, за кој се поднесени вкупно 124 амандмани.Со предложените измени, буџетските приходи се намалуваат за околу 5,3 милијарди денари, на 374,2 милијарди денари. За истиот износ се намалуваат и расходите, кои се проектирани на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 отсто од БДП.Најголемите промени кај приходите с

Македонија | пред 2 седмици

Sobranie-zgrada

Собранието и МАНУ денеска ќе потпишат колективен договор

Собранието и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе ја формализираат меѓусебната соработка со потпишување колективен договор во Законодавниот дом.Документот ќе го потпише претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што ќе се уреди рамката на меѓусебните права и обврски на двете институции.Потпишувањето е најавено за денеска во Собранието, а со договорот официјално ќе бидат потврдени условите за нивната соработка.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува до април

Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати за уште шест месеци, односно до 20 април 2027 година.Одлуката беше донесена на денешната 126. пленарна седница.Пратениците во рамките на истата седница го донесоа и Законот за државна ревизија, како и одлуката за испраќање припадници на Армијата на Македонија во меѓународната мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.Дополнително, за надворешен комисионер во Комисијата за

Македонија | пред 3 седмици

media-library4rm6l134lf86d5IOaVR

Без државен регистар и со бројни бариери: слепите лица бараат подобри услови

Слепите и слабовидните лица во Македонија секојдневно се соочуваат со низа пречки што им го отежнуваат самостојното и безбедно движење, од недостиг на бел стап и тактилни патеки до нефункционални звучни семафори и тротоари зафатени од паркирани автомобили. Проблемите беа посочени на дебата во Собранието, каде што беше побарано поголемо внимание од институциите и подобра пристапност во физичката и дигиталната средина.Беира и Кети, две девојки што говореа на настанот, ги споделија своите искуства

Македонија | пред 4 седмици

media-library2usa516otu319IXcNE8

Четири собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и избор на член на Судскиот совет

Четири комисии во Собранието денеска ќе одржат седници на кои ќе разгледуваат прашања од областа на одбраната, безбедноста, културата и изборот на член на Судскиот совет.Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за испраќање припадници на Армијата во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина. На дневен ред е и продолжувањето на рокот за кризна состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјава.Комисијата за култура и тури

Македонија | пред 1 месец

media-library2usa516otu319IXcNE8

Пратениците изгласаа измени на законите за јавниот сектор, платите, високите раководители и шумите

Пратениците на денешната 125. седница на Собранието изгласаа измени и дополнувања на четири закони, по што седницата беше прекината, а преостанатите точки од дневниот ред ќе бидат разгледувани на продолжение.Со мнозинство гласови „за“ беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за високи раководители и Законот за вработените во јавниот сектор.Пратениците ги изгласаа и измените и дополнувањата на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, како и на Законот за шумите.Пот

Македонија | пред 1 месец

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Во Собранието денеска седници ќе одржат три комисии – Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија.На седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија како единствена преостаната точка на дневниот ред е Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 година.Комисијата за надворешна политика и надворешна трг

Македонија | пред 1 месец

media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Собранието и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка насочен кон унапредување на дигитализацијата на собраниските процеси.Соработката предвидува развој и примена на решенија засновани на вештачка интелигенција, со цел поефикасно користење на податоците, документите и знаењето со кои располага Собранието.Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати благодарност до професорите и тимот на

Македонија | пред 1 месец

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонското Собрание е домаќин на Третата регионална конференција посветена на улогата на парламентарниот надзор во процесот на пристапување кон Европската Унија. На конференцијата учествуваат претставници и експерти од парламентите од Западен Балкан.На средбата се разговара за законодавната и надзорната функција, парламентарната дипломатија, административните капацитети, транспарентноста и улогата на парламентите во следењето на реформската агенда.Потпретседателот на Собранието и претседател н

Македонија | пред 2 месеци

Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Пет собраниски комисии денеска ќе одржат седници на кои ќе се разгледуваат предлог-закони, национални стратегии, извештаи за работата на правосудните институции, како и предлози за избор и именување функционери.Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја одржи 49. седница, со една точка на дневен ред – Предлог-националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026-2030 година.На 190. седница ќе заседава и Законодавно-правната комисија. Покрај стратегијата за безбедност н

Македонија | пред 2 месеци

media-library2sobhniqtnkq1u3TrLf

(Видео) Продолжува хаосот на седницата: Пратеничка петпати бараше процедурално, Гаши пак ја прекина седницата за Даути да не се повторува

Наместо пратенички прашања и одговори од Владата, седницата во Собранието повторно мина во знакот на процедурални блокади, меѓусебни обвинувања и паузи.Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците, крилото на Зијадин Села, повторно преку процедурално обраќање побара да добие одговор од премиерот Христијан Мицкоски на прашањето што му го поставила на претходната седница.Според Даути, токму премиерот е тој што ја блокира работата на Собранието.„Седницата ја блокира премиерот. Да ми одговореше

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycsg3r32g2u2f19W3BC4

(Видео) Тензии во Собранието: Илире Даути со Села ја блокираа говорницата и не се тргаа, Гаши даде пауза да се смират страстите

Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците, крилото на Зијадин Села, одби да се тргне од собраниската говорница, барајќи одговор од премиерот Христијан Мицкоски на прашање поврзано со Законот за правична застапеност, кое, како што рече, го поставила на претходната седница.Даути посочи дека сѐ уште не добила писмен одговор, иако, според неа, законскиот рок од 20 дена веќе истекол.„До овој момент, јас не сум добила писмен одговор од премиерот на прашањето. Одговорот требаше да биде даден во

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Критики, навреди и пцости во Собранието: Гаши денеска се откажа од Законот за нетранспарентно трошење за проектот Скопје – Европска престолнина 2028

По бурата остри реакции и критики во јавноста и навредите и пцостите во собраниската сала, спикерот Африм Гаши Законот за Скопје – европска престолнина на културата 2028 година не го стави на дневниот ред на денешната 119-та собраниска седница. Ова е компромисното решение утврдено на вонредната координација на Гаши со координаторите на пратеничките групи. На почетокот на заседанието, опозицијата со остри процедурални забелешки и кавги не дозволи да се утврди дневниот ред со ваков закон.Опозиција

Македонија | пред 3 месеци

Sobranie-zgrada

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Четири законски предлози што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на денешната 116. седница на Собранието.Меѓу точките на дневниот ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка. Пратениците ќе дебатираат и за Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.На седницата ќе би

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават своите платформи, продолжува кризната состојба, интензивен ден во Собранието

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за одбрана, Законодавно-правната комисија, Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Македонија е на дневен ред н

Македонија | пред 3 месеци

Sobranie-zgrada

Пратениците денес ќе одлучуваат за Завршната сметка на Буџетот

Собранието денеска ќе ја продолжи 111. пленарна седница, на која пратениците ќе разгледуваат повеќе законски предлози, стратешки документи, извештаи и кадровски прашања.Меѓу најважните точки на дневниот ред се Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање, како и Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, кој е во второ читање.Пратениците ќе ја разгледаат и Завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2025 година, како и из

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања