Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Дејан Бодирога се повлекува од функцијата пратеник, но најави поддршка за Студентската листа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 36 минути -

Балкан
media-librarys8qc1juhsbvi8EZ9JwH

Дејан Бодирога се повлече од пратеничката функција во српскиот парламент, само една недела откако седна во пратеничките клупи како дел од Студентската листа. Поранешниот кошаркар и актуелен претседател на Евролигата соопшти дека одлуката ја донел поради бројните професионални обврски, пренесува сервис на „Би-би-си“.

— реклама —

Во пораката објавена преку профилот „Студенти во блокада“, Бодирога објасни дека уште по прифаќањето на кандидатурата го известил Студентското движење дека нема да може да ја извршува пратеничката функција.

— реклама —

„Голема чест ми е што Студентското движење ми ја довери довербата да бидам еден од 250-те кандидати за парламентот. Особено сум почестен од фактот што оние што ја водеа борбата за слобода и направија најголеми жртви, ме препознаа како некој што може да придонесе во заедничките напори за ослободување на нашата татковина од владеењето на мафијата“ напишал Бодирога.

— реклама —

Тој нагласи дека целосно ги поддржува вредностите на движењето и дека ќе застане зад кандидатот на Студентската листа за претседател на Србија, како и дека е подготвен да помогне во изборната кампања закажана за 25 октомври.

— реклама —

Бодирога оцени дека е поодговорно пратеничкото место да му го отстапи на кандидат кој ќе може да даде поголем придонес во работата на парламентот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања