Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Речиси една година без нова стратегија за спречување на корупцијата, Собранието сè уште не ја ставило на гласање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 50 минути -

Македонија
235634236_3042017626088012_4185651639971951938_n

Иако предлогот за нова Национална стратегија за спречување на корупцијата за периодот 2026–2030 година веќе неколку месеци се наоѓа во собраниска процедура, пратениците сè уште не расправале за неговото усвојување. Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата предупредува дека ваквото доцнење може да го забави спроведувањето на планираните мерки и да го наруши континуитетот на антикорупциските политики.

— реклама —

Од Платформата оценуваат дека институционалното одолговлекување е особено проблематично во услови кога Европската Унија во своите извештаи укажува на недостиг од напредок во справувањето со корупцијата.

— реклама —

Предлог-документот, изработен од Државната комисија за спречување на корупцијата, до Собранието бил доставен на 19 јуни 2026 година. Три месеци подоцна, на 23 септември, го разгледале надлежните собраниски комисии, но оттогаш не е отворена расправа на пленарна седница. Стратегијата и понатаму се води како неразгледана точка на дневниот ред на 111. собраниска седница.

— реклама —

Платформата бара пратениците итно да се произнесат за документот и да го усвојат заедно со Акциониот план, со кој треба да се спроведуваат предвидените активности.

— реклама —

Од граѓанските организации предупредуваат дека продолжувањето на застојот може дополнително да ја отежне реализацијата на мерките за спречување на корупцијата, особено во период кога меѓународните партнери очекуваат конкретни резултати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања