Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Студенската листа го избра Чупиќ за претседател на српското Собрание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 35 минути -

Балкан
media-library1r7mvc2p3au07CvDw3l

Пратениците во Народното собрание на Србија ја продолжија конститутивната седница на новиот, 15. состав, на која со јавно гласање го избраа Александар Чупиќ за нов претседател на парламентот.

По изборот на претседателот, започна расправата за предложените кандидати за потпретседатели на Собранието.

— реклама —

Пратеникот Миленко Јованов од листата „Александар Вучиќ – Србија победува“ ја критикуваше можноста парламентарното раководство да биде составено само од претставници на една политичка опција. Тој оцени дека со таквиот пристап се прави поделба меѓу граѓаните на подобни и неподобни, односно на оние што можат и оние што не можат да учествуваат во раководењето со парламентот.

— реклама —

Јованов рече дека неговата пратеничка група предложила шест кандидати за потпретседатели за да ѝ даде можност на другата страна да ја преиспита својата одлука. Според него, изборот на раководството испраќа и симболична политичка порака.

Од друга страна, Александра Штимац од Студентската листа истакна дека при изборот на кандидатите не биле важни само нивните професионални биографии, туку и нивните лични вредности, животни патишта и придонесот кон општеството.

— реклама —

Таа посочи дека целта била во раководството на Собранието да бидат застапени различни делови на Србија, генерации, професии и животни искуства.

— реклама —

Студенската листа преку официјалниот профил му честиташе на Чупиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7kaun3ev6mucbcNf2j2

Изгоре стан во Белград, маж пронајден мртов во ходникот

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-librarylpfbpa13i34b52NkC3X

До 20 ноември отворен конкурсот за управник во стечајот на српската АЛТА банка

Балкан | пред 1 ден

srbija-parlament

Новиот парламент на Србија ги потврди мандатите, СНС по 14 години останува без мнозинство

Балкан | пред 2 дена

media-library17dn5qgsf56h8woiXw5

(Видео) Снимки од местото на несреќата во Србија: Воениот авион гори на отворено поле

Настани | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања