Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Собранието денеска расправа за нов член на Регулаторната комисија и измени на законот за земјоделство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 минути -

Македонија
Sobranie-zgrada

Три комисии во Собранието денеска ќе одржат седници на кои ќе се разгледуваат кадровски решенија, промени во собраниските тела и законски измени во областа на земјоделството.

— реклама —

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе ги разгледува пристигнатите пријави на јавниот оглас за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, по што треба да утврди предлог-кандидат за функцијата.

— реклама —

На дневниот ред се и предлог-одлуки за избор на членови на Советот за граѓански надзор, како и промени во составот на собраниските делегации во Парламентарното собрание на Советот на Европа и Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива.

— реклама —

Пратениците ќе разгледуваат и промени во составот на собраниските комисии, вклучително и избор на претседатели, заменици, членови и заменици-членови. Предвидени се и измени во пратеничките групи за соработка со парламентите на други држави, како и избор на нивните раководства и членови.

— реклама —

Во меѓувреме, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Пензиските реформи, семејната политика и медиумите во фокусот на денешните собраниски расправи

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието продолжува со расправата за ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 седмица

media-library4rm6l134lf86d5IOaVR

Без државен регистар и со бројни бариери: слепите лица бараат подобри услови

Македонија | пред 2 седмици

media-library2usa516otu319IXcNE8

Четири собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и избор на член на Судскиот совет

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања