Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Паузите го потрошија времето за опозициски пратенички прашања на денешната седница на Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 37 минути -

Македонија
media-library2usa516otu319IXcNE8

Седницата на Собранието на Македонија посветена на опозициски пратенички прашања заврши без поставено прашање, откако опозицијата и владејачкото мнозинство побараа по еден час пауза, со што беа потрошени двата часа предвидени за оваа намена.

Првата пауза ја побара координаторката на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари, со барање претседателот на Собранието, Африм Гаши, да обезбеди присуство на министрите во пленарната сала.

— реклама —

По завршувањето на паузата, пратеникот од ЗНАМ, Даниел Стојчевски, побара процедурално обраќање, што предизвика реакции од опозициските пратеници.

— реклама —

„Што ти е гајле тебе за што побарав процедурално?“ им одговори Стојчевски на довикувањата од опозицијата.

Тој се повика на членот 38 од собранискиот Деловник, кој го уредува правото на пратениците да поставуваат прашања до премиерот, министрите и другите носители на јавни функции.

— реклама —

„Ние сме единствената држава во светот каде што опозицијата бара пауза на инструмент наменет за опозицијата. Тука сме, тука се и министрите и замениците, а повторно се бара пауза. Користете ги пратеничките прашања, за тоа имате одговорност пред граѓаните кои ве избрале“, рече Стојчевски.

— реклама —

Потоа и тој побара едночасовна пауза, изразувајќи надеж дека опозицијата ќе биде подготвена за следната седница.

Неговото барање предизвика негодување кај опозициските пратеници, а претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопшти дека работата ќе продолжи со останатите точки од дневниот ред.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

240704659_536418067474676_7317527048721981219_n

Собранието ги разгледува измените на Кривичниот законик за усогласување со европските стандарди

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library2usa516otu319IXcNE8

Законот за јавни набавки денеска повторно пред пратениците по ветото на Силјановска-Давкова

Македонија | пред 2 дена

Sobranie-zgrada

Собранието денеска расправа за нов член на Регулаторната комисија и измени на законот за земјоделство

Македонија | пред 1 седмица

media-library2usa516otu319IXcNE8

Пензиските реформи, семејната политика и медиумите во фокусот на денешните собраниски расправи

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања