Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Законот за јавни набавки денеска повторно пред пратениците по ветото на Силјановска-Давкова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 минути -

Македонија
media-library2usa516otu319IXcNE8

Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки денеска повторно е пред пратениците, откако претседателката Гордана Силјановска-Давкова одлучи да не го потпише указот за негово прогласување. Законот се разгледува во рамки на 129. пленарна седница, во трето читање.

— реклама —

За законските измени биле поднесени вкупно 2.158 амандмани. Владејачкото мнозинство предложило со амандман да се избрише членот 13, кој беше причина за ветото на претседателката, додека најголемиот дел од останатите амандмани се поднесени од СДСМ.

Силјановска-Давкова на 4 ноември го известила Собранието дека, по направената анализа и консултациите со експерти, согласно членот 75 став 3 од Уставот, нема да го потпише указот за законот усвоен на 26 октомври 2026 година.

— реклама —

Нејзините забелешки се однесуваат на членот 13, со кој се менува начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Досегашното решение предвидуваше петгодишен мандат со право на уште еден избор, односно најмногу десет години, додека новата формулација „со право на повторно именување“ не го ограничува бројот на можни реизбори.

— реклама —

Претседателката оценила дека ваквата формулација е правно непрецизна и остава простор за различни толкувања, вклучително и за неограничено продолжување на мандатите. Според неа, тоа може да доведе до прекумерна концентрација на моќ кај членовите на Комисијата, кои одлучуваат за трошење значителни средства од државниот буџет.

Во дописот до Собранието, Силјановска-Давкова се повикала и на мислењата и препораките на Венецијанската комисија, предупредувајќи дека ограничувањето на мандатите е важно за спречување прекумерно влијание во одлучувањето за јавните набавки.

— реклама —

Според членот 183 од Деловникот за работа на Собранието, кога претседателот на државата ќе одлучи да не го потпише указот, законот повторно се разгледува во трето читање, во рок од 30 дена од неговото донесување. Во оваа фаза амандмани можат да се поднесуваат само во однос на забелешките на претседателот. Рокот за нивно поднесување истекол во петокот, на 6 ноември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Собранието денеска расправа за нов член на Регулаторната комисија и измени на законот за земјоделство

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-library2usa516otu319IXcNE8

Пензиските реформи, семејната политика и медиумите во фокусот на денешните собраниски расправи

Македонија | пред 6 дена

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието продолжува со расправата за ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 седмица

media-library4rm6l134lf86d5IOaVR

Без државен регистар и со бројни бариери: слепите лица бараат подобри услови

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања