Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Буџетот за 2027 година повторно пред пратениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 25 минути -

Македонија
Sobranie-zgrada

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по трите дена во кои пратениците од власта и опозицијата ги спротивставуваа своите ставови за планираните приходи и расходи на државата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека предложениот буџет е чекор кон продолжување на фискалната консолидација, стабилност на јавните финансии, економски раст и реализација на развојни инвестиции. Наспроти тоа, СДСМ смета дека станува збор за документ без визија, отчетност и развојна перспектива.

— реклама —

За денеска се закажани и седници на Законодавно-правната комисија и на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.

— реклама —

Законодавно-правната комисија ќе разгледува повеќе предлог-закони во второ читање, меѓу кои измените на законите за Фондот за осигурување на депозити, земјоделството и руралниот развој, задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување и семејството, како и предлогот за престанување на важењето на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

— реклама —

На дневен ред на Комисијата за социјална политика, демографија и млади се измените на законите за задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, како и измените на Законот за семејството. Сите предлог-закони ќе се разгледуваат во второ читање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Опозициските прашања повторно во Собранието, на дневен ред и повеќе законски измени

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryukttgsvalnev8McobGt

Гаши најави повторување на опозициските прашања

Македонија | пред 5 дена

media-library2usa516otu319IXcNE8

Паузите го потрошија времето за опозициски пратенички прашања на денешната седница на Собранието

Македонија | пред 6 дена

240704659_536418067474676_7317527048721981219_n

Собранието ги разгледува измените на Кривичниот законик за усогласување со европските стандарди

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања