Приведен крадец од гостиварско
Од
Објавено на
На 05.03.2024 во 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 32-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.